1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шест години Рамковен договор

13 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BTc5

Денеска се навршуваат шест години од потпишувањето на Рамковниот договор, со кој беше ставен крај на конфликтот во Македонија. Таканаречениот Охридски договор на 13 август 2001 година во Скопје го потпишаа поранешниот претседател Борис Трајковски, тогашниот премиер Љубчо Георгиевски, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски и тогашните први луѓе на ДПА и ПДП, Арбен Џафери и Имер Имери.