1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шест загинати во напад во Тел Авив

17 април 2006

Палестински бомбаш самоубиец се разнесе себеси попладнево во израелскиот град Тел Авив , носејќи со себе во смрт уште пет лица.

https://p.dw.com/p/Ac7L
Фотографија: AP

Нападот се случил кај еден киоск за сендвичи , во близина на главната автобуска станица во градот . Уште најмалку 12 лица се повредени во нападот за кој одговорноста ја преземаа две радикални палестински движења, исламски Џихад и Бригадите Ал Акса.

„Беше тоа огромна експлозија , Неверојатна“-изјави еден израелски таксист очевидец на нападот за светските агенции .

Нападот се случува на средина од еднонеделната прослава на големиот еврејски празник Пасха .

Портпарол на израелскиот премиер Ехуд Олмерт истакна дека одговорна за нападот ја смета новата палестинска влада предводена од радикалното движење Хамас . Портпарол на хамас пак истакна дека нападот организацијата го смета како самоодбрана . Палестинскиот претседател Махмуд Абас пак веднаш го осуди нападот во Тел Авив .

„Во името на претседателот махмуд Абас го осудуваме овој напад како што секогаш го правиме тоа кога се погодени цивилни цели , без оглед дали се израелски или палестински . Ваквите напади им штетат палестинските интереси и ги повикуваме сите палестинци да се придржуваат кон прекинот на огнот“- изјави главниот палестински преговарач Саб Ерекат.

Тој го повика т.н мировен квартет за Блискиот Исток да преземе мерки да се спречи да се спречи очигледната спирала на насилство во регионот.

Последниот самоубиствен напад на израелска територија се случи на 19 јануари и во него загина само палестинскиот бомбаш самоубиец .