1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шефер – Авганистан

4 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BCQD

НАТО треба да направи се‘ што е во негова моќ за да ги одбегне цивилните жртви при операциите во Авганистан, порача денеска генералниот секретар на Алијансата Јап де Хоп Шефер. За НАТО секој загубен цивилен живот е премногу, нагласи Шефер на Меѓународната конференција за проблемите на правниот систем во Авганистан, што се одржува во Рим. И генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун на конференцијата порача дека цивилните жртви се аргумент во рацете на непријателите и ги поткопуваат напорите на меѓународната заедница за обнова на Авганистан. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи на конференцијата призна дека наспроти напредокот во реформите на други полиња, постојат сериозни проблеми со правниот систем.