1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шефер загрижен поради атомската програма на Иран

12 април 2007
https://p.dw.com/p/AgEd

Генералниот секретар на НАТО Јаап Де Хооп Шефер предупреди да не се потценува опасноста што може да произлезе од атомската програма на Иран. Напорите на Техеран да ги зајакне своите нуклеарни способности , ме загрижуваат – изјави Де Хооп Шефер за германскиот весник Билд. Според него Спорната иранска атомска програма ќе влијае и во дебатата што се води во НАТО околу планираното стационирање на американскиот систем за заштита од ракети во Источна Европа. НАТО не би можел да го игнорира фактот дека Иран веќе тестираше ракети со дострел од 1800 километри-вели Шефер.