1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шефер за Косово

3 април 2007
https://p.dw.com/p/AgHV

Решението на статусот на Косово е во интерес на стабилноста на Балкан и Европа,изјави вчера во Приштина генералниот секретар на Алијансата Јаап де Хоп Шефер при посетата на покраината.

-Ние сме овде,НАТО и КФОР,во еден посебен момент за Косово за да се увериме дека никој нема да решава со сила,рече Шефер.

Тој изрази надеж дека Советот за безбедност на ОН ќе го прифати планот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари.

Помошникот државен секретар на САД Даниел Фрид пак ги повика земјите од ЕУ да се усогласат во поддршката на планот на Ахтисари за надгледувана независност на Косово или да се соочат со избивање насилство во покраината,зашто состојбата на статус кво веќе е неодржлива.