1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шинаватра го преживеа гласањето за доверба

ЕМФ/ард28 ноември 2013

По повеќедневни масовни протести во Тајланд, барањето на опозицијата да и‘ се изгласа недоверба на премиерката Јинглак Шинаватра не успеа. Владата беше избрана во 2011 година, а наредните избори следуваат во 2015-та.

https://p.dw.com/p/1APpV
Фотографија: Reuters

Благодарение на мнозинството во парламентот, премиерката Јинглак Шинаватра го преживеа гласањето за доверба. Од присутните пратеници, 297 гласаа за доверба, додека 134 беа против. Опозицијата ја обвинува владата за корупција.

Гласањето во парламентот следуваше по повеќедневни масовни демонстрации на опозицијата. Демонстрантите сакаат да изнудат оставка на премиерката. Тие, меѓу другото, окупираат и блокираат министерства во Банкок. Владата меѓутоа нема намера да попушти под притисокот од улицата. Таа во 2011 година беше избрана со јасно мнозинство гласови. Наредните избори во Тајланд треба да се одржат во 2015 година.

Thailand Antiregierungsproteste in Bangkok 28. Nov
Фотографија: PORNCHAI KITTIWONGSAKUL/AFP/Getty Images

Страв од враќање на екс-премиерот

Опозицијата ги мобилизираше своите приврзаници како реакција на контроверзниот план за амнестија. Демонстрантите стравуваат дека братот на Јинглак, Таксин, кој беше соборен од власт во 2006 година и сега е во егзил во Дубаи, сака да се врати во земјата. Законот за амнестија беше стопиран од страна на Сенатот, но протестите не стивнуваат.

Демонстрациите се најжесток бран протести во земјата од пролетта 2010 година, кога при задушувањето на повеќе неделните протести на приврзаниците на Таксин против тогашната влада, беа убиени 90 луѓе, а повредени околу 1900. Поради тензичната состојба во Тајланд, генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, ги повика владата и опозицијата на воздржаност и неприменуавње насилство.