1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шлаканица за Европа-намалениот рејтинг како „политички електрошок“

14 јануари 2012

Одлуката на „Стандард и Пурс“ за намалување на бонитетот на девет земји на еврозоната не е „неочекувана“ оценуваат европските политичари. Париз и Виена меѓутоа критикуваат дека истата доаѓа во „неповолен момент“.

https://p.dw.com/p/13jis
Париз и Виена без „тројно А“Фотографија: Reuters

Германската канцеларка Ангела Меркел бара брзо спроведување на фискалниот пакт во ЕУ. По намалувањето на бонитетот на девет држави од еврозоната од страна на американската рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ Меркел подвлече дека државите сега се повикани брзо да го спроведат пактот и да не се прават обиди од сите страни истиот да се разводени, изјави Меркел во Кил.

Германската канцеларка изјави дека владата во Берлин „ја примила на знаење“ одлуката на агенцијата, за намалување на кретитниот рејтинг на повеќе европски држави, што не е целосно изненадување, смета канцеларката. Одлуката истовремено ја потврдува нејзината проценка, смета Меркел, дека Европа има уште долг пат пред себе додека да се поврати довербата на вложувачите. Вистинскиот пат е одлучно да се зачекори по него. Меркел истовремено нагласи дека Европа ќе работи на тоа што поскоро да се активира планираниот долгоречен механизам за стабилност, што исто така е важен за довербата на вложувачите.

Bundeskanzlerin Angela Merkel
Канцеларката Ангела МеркелФотографија: picture-alliance/dpa

Франција и Австрија, кои го загубија највисокиот бонитет „тројно А“ го критикуваа моментот на наамалување на кредитниот рејтинг. И францускиот премиер Франсоа Фијон признава дека одлуката била „очекувана“ , меѓутоа според него доаѓа во „неповолен момент“ со оглед на напорите кои се вложуваат против должничката криза во ервозоната.

Австрискот канцелар Вернер Фајман и вицеканцеларот Михаел Шпинделегер се изјаснија дека било „несфатливо, кога една од трите американски агенции еднострано одлучува да го намали бонитетот на земјите од еврозоната“. Според нив исто така е несфатлива различната оценка на државите на ЕУ „иако се работи и ќе се работи на решение во тесна соработка меѓу државите“.

Standard & Poor's Logo
Рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“ го намали бонитетот на девет земји од еврозонатаФотографија: picture-alliance/dpa

И претседателот на Еврогрупата Жан Клод Јункер го истакнува аспектот дека државите на еврозоната веќе воведоа обемни мерки да ги смират финансиските пазари.

Европскиот комесар за монетарна политика Оли Рен пак изрази разочарарување од одлуката на агенцијата „Стандард и Пурс“ и оцени дека намалувањето на бонитетот е „неконсеквентно“.

Најдобрата оценка „ААА“ засега ја задржаа само Германија, Холандија, Луксембург и Финска. Франција и Австрија го загубија највисокот ниво „тројно А“. За еден степен подолу е рангиран бонитетот на Малта, Словачка и Словенија. Од намалување на бонитетот за два степени се погодени Италија, Шпанија, Португалија и Кипар.

Автор: АТ/ ртре/ афп/ дв

Редактор: Жана Ацеска