1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпанија: Дали несреќата можела да биде спречена?

Ханс-Гинтер Келнер/ Жана Ацеска26 јули 2013

Шпанија ја доживеа третата по големина железничка несреќа во својата историја. Притоа загинаа 80 лица. Дали европскиот сигурносен систем ЕРТСМ можеше да го спречи излетувањето на возот кај Сантјаго де Компостела?

https://p.dw.com/p/19EW2
Фотографија: picture-alliance/dpa

Мари тукушто ги спростираше алиштата во градината во Ангроис, кога „ја погоди торпедо од бука и прашина“. Така таа во средата вечерта (24.07.2013) ја доживеа железничката несреќа, во која загинаа 80 луѓе, а околу 180 патници се повредени. Местото не несреќата е само неколку километри оддалечено од шпанскиот град Сантјаго де Компостела, собиралиште на верниците аџии. Силата на возот кој се движел со голема брзина била толкава што еден од вагоните буквално летнал во височина и завршил на сообраќајницата пет метри над пругата.

За многумина токму преголемата брзина е причината за несреќата. Шпанскиот весник „Ел паис“ објави дека постои тонска лента од разговорот меѓу машиновозачот и контролниот пункт. Притоа машиновозачот рекол дека возот со 218 патници во тесната кривина влегол со брзина од 190 наместо дозволените 80 километри на час. Разговорот, според „Ел Паис“, се водел по несреќата, кога маѓиновозачот бил приклештен во возот и се‘ уште не ги знаел размерите на катастрофата.

„Ако има загинати, тогаш ги имам на совест“, рекол машиновозачот.

Црната кутија е тука

Властите не го потврдуваат разговорот, но исто зборуваат за преголема бризина како причина за несреќата. На видео снимка од камера за надгледување се гледа како возот со голема брзина влегува во кривината, но од пругата не излетува локомотивата, туку вагоните.

Spanien Zugunglück Entgleisung Santiago de Compostela Unfall Zug Madrid
Фотографија: picture-alliance/dpa

Мануел Николас, портпарол на ќелезничарите во синдикалниот сојуз, предупредува од прерани заклучоци. Дури и ако машиновозачот возел со преголема брзина, тоа не значи дека ја признава вината. Во основа, сигурносните системи исклучуваат дека една единствена причина може да има вакви последици. Натамошни информации може да даде само црната кутија. Неа инспекторите веќе ја пронашле.

Без модерен сигурносен систем

Но, и Николас признава, во возот бил инсталиран најмодерен сигурносен систем, кој можел да се вклучи, но не и на шините во опасната кривина. И тоа иако возот од 200 требало да намали на 80 километри на час. „Европскиот железнички систем за менаџмент“,  ЕРТСМ требало да ги активира самиот кочниците. Но, токму пред местото на несреќата на делницата бил инсталиран само постар контролен систем, кој може да даде само предупредувачки сигнали.

За причините може само да се шпекулира. При влезот во градовите машиновозачите ги возат возовите сами, без автомат, вели ќелезничарот Николас:

„Кога некој воз мора да кочи толку силно, логичен е паралелен сигурносен систем“.

Хуан Гарсија Фраилес од синдикатот на железницата затоа бара поголеми инвестиции во безбедноста на шпанските пруги. Европската комисија уште во 2005 година донесе одлука за целосна примена на ЕРТСМ, со што треба да биде олеснет и прекуграничниот железнички сообраќај. Но, за тоа е предвиден рок од 12 години.