1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпекулации за медицинскиот третман на Милошевиќ

13 март 2006

По смртта на Слободан Милошевиќ, лекарите констатираа срцев удар како причина за смртта. Меѓутоа, и по обдукцијата се појавија обвинувања дека трибуналот пропуштил да му ја пружи вистинската медицинска помош.

https://p.dw.com/p/Ac8A
Тврди дека Милошевиќ имал добар медицински третман:Крала Дел Понте
Тврди дека Милошевиќ имал добар медицински третман:Крала Дел ПонтеФотографија: AP

Портпаролка на трибуналот синоќа за медиумите изјави:

„Лекарите потврдија дека Слободан Милошевиќ починал од срцев удар. Тие открија две срцеви грешки што можеле да го предизвикаат инфарктот. Јавниот обвинител и соопшти на управата на судот дека токсиколошката анализа се уште трае. Конечниот извештај ќе биде објавен колку што е можно побргу„.

Претходно, телото на 64-годишниот Милошевиќ со часови беше испитувано од холандски и српски експерти по судска медицина. Обдукцијата е снимена со камера за да се избегнат гласини за можни манипулации, зашто нив ги имаше доволно по веста за смртта во саботата. Вчера еден од давокатите на поранешниот српски и југословенски претседател, Зденко Томановиќ излезе пред медиумите и изјави:

„Јас добив документ од кој произлегува дека при еден преглед на 12 јануари во крвта на мојот мандант биле најдени траги од лек кој се користи за лекување лепра и туберкулоза„.

Обвинување кое ниту по извештајот за обдукцијата не се смири.

Останува отворено прашањето дали било кој му го дал овој лек или го голтнал самостојно сосема свесен што прави.

Најпознатиот обвинет во хашкиот трибунал со години се жалеше на лошиот медицински третман во затворот во Шевенинген. Милошевиќ сакаше да замине за Москва за таму да се лекува на специјална клиника, меѓутоа таквото барање судот пред неколку месеци го одби. И по неговата ненадејна смрт, шефицата на трибуналот Карла Дел Понте смета дека тоа решение било исправно:

„Судот со право констатира дека Милошевиќ овде има добар медицински третман. Можеше да го прими секој специјалист со кој сакаше да се консултира. Значи, не постоеше никаква причина да биде пуштен во Русија на медицински третман„.

Очигледно, одговорните не сакаа да преземат ризик. Зашто во Русија веќе од порано се наоѓаат неговата сопруга и синот. Страхувањето беше дека ниту тој веќе немаше да се врати.