1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шредер:”Мора да се заштитиме од неконструктивни конструкции"

15 март 2004
https://p.dw.com/p/AcP2
Герхард Шредер и Хозе Мариа Азнар
Герхард Шредер и Хозе Мариа АзнарФотографија: AP

Во борбата против тероризмот недостига координација на германските власти, критикува заменикот шеф на фракцијата на партиите на унијата, Волфганг Бозбах. Во Германија, вели Бозбах, има 37 различни институции кои се грижат за безбедноста. Ваквата разноликост може да биде и проблем. Тој потсетува дека во земјата има опасни странци, фанатични, верски,извршители без совест, поддржувачи на терористички организации, од кои меѓу 3 500 и 4000 се подготвени на насилнички дела. Бозбах уште еднаш побара ангажман на Бундесверот во борбата против тероризмот и во рамки на внатрешните граници.

Министерот за внатрешни работи, Ото Шили, е против употреба на армијата како ”помошна полиција”. Тој предупредува дека општеството не треба да се милитаризира и смета дека треба да се внимава од нападите во Шпанија да не извлекуваат погрешни консеквенци.

Прашан што нападите во Мадрид значат за меѓународната безбедност на европско ниво и дали се потребни нови законски мерки, канцеларот Герхард Шредер во интервју за Дојчландфунк, рече:

”Нови законски мерки не. Ние мора да бидеме будни. Што се однесува до нашата земја, безбедносните служби, кои се будни, велат дека не настанала нова ситуација . Против ваква форма на тероризам не можеме да се бориме со закони, туку со построго следење и кога извршителите ќе се фатат, со построги казни. Верувам дека она што сега е важно е солидарност со шпанскиот народ, со владата во борбата против тероризмот. Безбедносните власти во Германија соработуваат со сите евроспки безбедносни служби, се разбира и со американските. Сеедно кој е одговорен за нападот - тоа е кукавичко дело и мора да наиде на остар одговор од меѓународната заедница. Такво нешто и ќе се случи.”

На прашањето дали гледа некаква поврзаност меѓу нападите и однесувањето на владата во Мадрид, германскиот канцелар е претпазлив:

”Мислам дека сега не треба да се шпекулира. На Шпанците им е доволно тешко да се справат со овој страшен атентат, а и на владата и на целото државно раководство. Го разбирам новинарскиот интерес, но ве молам да ме разберете кога велам дека не сакам да шпекулирам околу вакви рашања. Не, ние мора да останеме на тоа дека ова беше страшен терористички акт, по кој со право следува солидарност на меѓународната заедница со Шпанија. Мора да се заштитиме од конструкции кои не се конструктивни.”