1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмаер – Блиски исток

5 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag7L

Палестинскиот министер за финансии, салам Фајад аплеираше до ЕУ да стави крај на финансискиот бојкот против автононмите палестински власти. По разговорите со германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, во Витлеем, Фајад изјави дека по основањето коалициона влада на Хамас и фатах веќе нема причина за казнените мерки. Штајнмаер, инаку, со посетата на палестинките автономни територии денеска ја продолжува турнејата на Блискиот исток. Тој во Рамала, вечерва ќе има средба со палестинскиот претседател, Махмуд Абас и својот колега Зиад Абу Амр. На разговорите ќе стане збор пред се за арапската иницијатива со која на Израел му се нуди признавање од страна на арапските држави доколку тој се повлече од окупираните територии и го прифати враќањето на палестинските бегалци. Утре Штајнмаер заминува за Израел.