1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмаер во Авганистан

22 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anwd

Три дена по смртоносниот напад врз германските војници во Авганистан, во кратка посета на базата на Бундесверот во Кундус престојуваше шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер. Тој го пофали ангажманот на германските војници и истакна дека во Авганистан нема сигурни зони. Тој истовремено упати на досега постигнатиот напредок во обновата на Авганистан по соборувањето на режимот на Талибанците во 2001-ва година.