1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмаер во Вашингтон

9 декември 2006

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер на разговорите во Вашингтон со американската колешка Кондолиза Рајс не исклучи можност за германско дипломатско посредство во решавање на проблемот на Блискиот исток. Рајс е скептична за разговори со Иран и Сирија, американскиот претседател Џорџ Буш смета дека се потребни заеднички напори за кризата во Ирак

https://p.dw.com/p/Ac15
Франк Валтер Штајнмаер и Кондолиза Рајс
Франк Валтер Штајнмаер и Кондолиза РајсФотографија: AP

„ Мислам дека имаме заеднички интерес овој процес кој ги нуди првите знаци на надеж да го стабилизираме и да го поддржуваме„

изјави Франк Валтер Штајнмаер по разговорите со Кондолиза Рајс на кој го разгледуваше извештајот на Бејкеровата комисија за Блискиот исток. Тој нагласи дека со голем интерес ја следел дискусијата но притоа не сакаше да изнесе детали. Штајнамер нагласи:

„ Не дојдовме за да даваме совети„

Штајнмаер го оцени позитивно моменталниот развој во конфликот меѓу палестинците и израелците. Тој смета дека тоа е охрабрувачки рече Штајнамер кој на почетокот на неделата беше на Блискиот исток. Вашингтон не треба да ја пропушти можноста за решение:

„ Американската влада едноставно не треба да пропушти ниту една шанса која помага и може да даде придонес за повеќе стабилност во другите регионални конфликти„

Кондолиза Рајс нагласи дека САД нема да преговараат со Иран доколку не се откаже од нуклеарните амбиции, ниту со Сирија од која се бара конкретни чекори во насока на запирање на крвопролевањето во Ирак.

Американскиот претседател Џорџ Буш во меѓувреме изјави дека е потребен нов пристап за решение на проблемот со Ирак. По средбата со лидерите во конгресот во Вашингтон, Буш изјави дека ќе работи со сите страни за излез од кризата

„ Имавме многу конструктивен разговор. Зборувавме за Ирак, за она што е потребно за нов напредок во Ирак. Исто така зборувавме за потребата да работиме заедно на оваа важна тема„ рече Буш

Весникот Вашингтон Пост пишува дека Бушовата администрација разгледува три можни опции, вклучувајќи ја и онаа за привремено зголемување на силите за обезбедување на Багдад на 30,000 војници. Втората е фокусирање на мисијата за ловење на осомничените терористи на Ал Каеда и трето, политичка поддршка за шиитските политички фактори кои се мнозинство во земјата.