1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмаер во Гана

3 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BPZI

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер денеска во, Акра, главниот град на Гана, ќе ја посети регионалната академија за мировни ангажмани. Во тренинг центарот Кофи Анан африканските земји ќе се обучуваат за мировните мисии. Германија во нејзиното формирање учествуваше со 6 милиони евра. Штајнамер синоќ разговараше со претседателот на Гана и претседавач со АУ, Џон Куфор и неговиот колега по функција Акваси Осеи Аџеи. Двајцата политичари изразиле подготвеност за учество во планираната мировна мисија во кризниот регион Дарфур во Судан. Преставниците на ОН и на АУ денеска во градот Аруша, во Танзанија, ќе разговараат со бунтовничките групи од регионот Дарфур, околу почетокот на распоредување на 26.000 мировници, на ОН и АУ.