1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмаер во Израел

10 август 2006

Министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнамер по разговорите во Ерусалим изјави дека во наредните денови не смеат да се намалат напорите за барање на дипломатско решение за судирите на Блиски исток

https://p.dw.com/p/Ac4F
Франк Валтер Штајнмаер и Ехуд Олмерт
Франк Валтер Штајнмаер и Ехуд ОлмертФотографија: AP

И покрај сите дипломатски напори примирјето не е ни чекор поблиску. Тоа мораше да го увиди и германскиот минситер Франк Валтер Штајнмаер. По краткиот разговор со својот израеслки колега по функција во врска со одлуката на Советот за безбедност на ОН, без премногу да коментира изјави:

„ Туку што укажав на тоа дека дипломатските активности за кои јас гледам можност да успеат, деновиве мора да продолжат од страна на Советот за безбедност и тие не смеат да се запостават. Не сум во ссосотојба на израелските или германските медиуми да им интерпретирам за многу долгата и детална дискусија која се водеше во кабинетот„

Ниту еден збор отворена критика, без став во врска со ширењето на копнената офанзива-министерот Штајнамер зборуваше дипломатски. Тврдиот став на израелците тој го почувствува ушт на самиот почеток на посетата. Израел ќе продолжи да се бори против ракетите на Хезболах и подготвен е да прифати само трајно решение, беа недвосмислените зборови на израеслкиот министер за одбрана Амир Перец. Меѓутоа Штајнмаер покажа разбирање за тешката ситуација во која се наоѓа Израел и неговата влада:

„ Се разбира дека јас и сите ние овде сме шокирани заради постојаното ракетирање на северен Израел. Тоа не може никој да го остави рамнодушен, посебно не ако се зане дека судирите во изминатиот месец однесоа животи на 1000 цивили„

Штајнмаер на разговорите во Израел уште еднаш се увери дека позициите на спротивставените страни се спротивни и далеку од примирје. Приближување речиси и да нема, посебно на израелска страна. Израелската влада сеуште инсистира на правото на самоодбрана, сеуште вели дека воените операции ќе запрат дури по стационирањето на меѓународни мировни сили. Тоа се услови кои не се во согласност со барањата на либанската влада и на Хезболах. Либан најави дека на југот на земјата ќе испрати 15.000 војници, чија цел би била контрола на регионот. Понудата наиде на позитивен одек.