1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмаер во Москва

15 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag44

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмaер денеска во својство на претседавач на Европската унија во Москва ќе има средба со неговиот колега Сергеј Лавров, а потоа веројатно и со рускиот претседател Владимир Путин. Средбата треба да спречи несупех на претстојниот самит Европска унија – Русија кој започнува во петок. Пред заминувањето за Москва, Штајнмајер изјави дека ситуацијата е компликувана. Постојат цела низа несогласувања што ја отежнуваат подготовката за самитот, изјави Штајнмаер.