1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмаер и Путин со оптимисти за мировната конференција за Блиски исток

23 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CSH7

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер изрази претпазлив оптимизам за претстојната блискоисточна конференција во САД. Тој не очекува чуда, но се надева дека конференцијата ќе го забрза процесот на формирање на палестинска држава. Надеж за пробив во Анаполис изрази и рускиот претседател Владимир Путин при средбата со италијанскиот премиер Романо Проди во Москва. Кратко претходно шефот на Хамас Исмаил Ханија ја прогласи конференцијата за мртвороденче.