1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штеди за да имаш!

16 април 2010

Во споредба со ланските прогнози кои велеа дека стопанскиот пораст напролет ќе изнесува 1,2 проценти, институтите покажуваат поголем оптимизам, иако и според нив, големите ризици и натаму остануваат и се бара штедење.

https://p.dw.com/p/MwxM
Фотографија: picture alliance / dpa

Во рамките на среднорочните прогнози за периодот од 2009 до 2014, водечките истражувачки институти предвидуваат просечен годишен стопански пораст од 1 процент: 1,5 во оваа и 1,4 во наредната година. Според експертите, во Германија ќе продолжи благото опоравување на економијата, а брутодомашниот производ ќе го достигне нивото од пред кризата дури во 2013 година.

„Предложеното консолидирање бара строг курс на штедење, каков што во државата досега немало. Во наредните пет години давачките на државата не смеат да се пречекорат. Ова бара тешки политички одлуки” - ја пренесе пораката од спроведените прогнози Јоаким Шајде, од Институтот за светска економија на Универзитетот Кил, подвлекувајќи дека наредната година финансиската политика треба да започне со силно консолидирање на државниот буџет. Институтите очекуваат дека опоравувањето на конјуктурата ќе продолжи. Меѓутоа, на повидок не е силен полет кој можеби и би се очекувал ако се има предвид дека земјата е во длабока рецесија.

Deutschland Wirtschaft Frühjahrsgutachten der Wirtschaftsinstitute 2010
Прогнозите велат - нема да има силен подем и треба да се штедиФотографија: picture alliance/dpa

Даночните олеснувања – нереални!

Претставниците на институите од Кил, Минхен, Хале, Есен и Цирих, предупредија дека во моментната сложена ситуација ветените даночни олеснувања од страната на либералите се нереални, секако, доколку се сака да се оди напред и да се излезе од кризата. Сепак, во другите сфери има простор за оптимизам:

Deutschland Wirtschaft Frühjahrsgutachten der Wirtschaftsinstitute 2010
Претставниците на водечките економски институтиФотографија: picture alliance/dpa

„Радосни вести има од пазарот на труд. Невработеноста е за само 450 лица повисока од есента 2008, кога кризата започна, што е изненадување и за сите што се занимаваат со прогнози”, забележа Јоаким Шајде. Инаку, невработеноста во текот на оваа и нареднава година лесно ќе се намали. Стапката на невработеност ќе изнесува 8,1, односно 7,9 проценти.

И конечно, краткорочните прогнози не се ни така лоши. Покрај опоравување на извозот, се очекува и зголемување на домашната побарувачка. Наметнатото консолидирање и елиминирањето на стимулативните програми, со време ќе треба да им отстапат место на потребите од модернизација и нови инвестиции кои се очекува да стапат на сцена наредната година. Ако се исполнат прогнозите на институтите, се очекува и пораст на приватната потрошувачка која ќе се должи на атрактивните реални приходи.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска