1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што ќе каже Брисел?

Александар Чомовски6 септември 2006

Македонскиот премиер Никола Груевски патува во Брисел со усвоениот Закон за полиција на седница на владата.Во Брисел патува и Али Ахмети од ДУИ,на поплаки

https://p.dw.com/p/AdcZ
Фотографија: DW

Македонија ќе добие позитивни оценки за фер парламентарните избори,но критики за корупцијата и криминалот,опомена за недонесените закони за полиција и бавен старт на судската обнова.Иако не е позната конечната верзија на септемврискиот извештај на ЕК,амбасадорот на ЕУ во Македонија ,Ерван Фуере индиректно соопштува целни групи и детали од него:

-Мора да се направи поголем напор за независно судство,кое ќе има доверба во јавноста.Неопходна е и кампања против корупцијата,што е најголема пречка за странските инвестиции,рече Фуере.Тој ги започна поединечните средби со одделни министри околу реализацијата на приоритетните обврски наметнати од Брисел.

Наредната недела таму патува македонскиот премиер Никола Груевски,на прва негова меѓународна дестинација.

-Тоа значи дека со конкретна работа,со видливи резултати и со посветеност на реформите во Македонија,ќе успееме да се претставиме добро како држава,вели шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски,кого новинарите синоќа го дочекаа кога се загреваше за фудбалскиот меч со дипломатите во Скопје,како предигра на дуелот Македонија- Англија.

Во Брисел Груевски ќе биде соочен со сугестии од евродипломатите за дијалог со Али Ахмети.Странците стравуваат од радикализација на политичките односи во земјата,ако ДУИ предолго остане надвор од Парламентот.Со таков мотив,ДУИ да се врати во Собранието,беше и ненајавената средба на довчерашните владини сојузници,меѓу лидерот на СДСМ Владо Бучковски и Али Ахмети.На Бучковски му било соопштено дека ДУИ подготвува партиска делегација за ЕУ за да предочи дека наводно се стопира дореализацијата на Рамковниот договор,а ќе бидат доведени во прашање и меѓуетничките односи,што е клучна позитивна оценка врз која Македонија доби статус кандидат за член во ЕУ.Премиерот Груевски пак ќе патува во Брисел со синоќешната владина одлука за усвојување на законот за полиција,што итно го усогласија ВРМО ДПМНЕ и ДПА,а за кој спореа СДСМ и ДУИ до крајот на владиниот мандат на екс премиерот Владо Бучковски.