1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што ќе се случи со црните конта во Швајцарија?

Анѓелко Шубиќ / Александар Методијев6 април 2012

Даночниот договор меѓу Германија и Швајцарија е потпишан, но не е јасно дали тој и ќе биде ратификуван и дали ќе стапи на сила. Опозицијата останува на своето НЕ.

https://p.dw.com/p/14Yw9
Фотографија: Fotolia/Margit Power

Минатиот август беше потпишан договор меѓу Германија и Швајцарија, според кој Германците ќе плаќаат данок за имотот во Швајцарија, а веќе вчера (06.04.) се потпиша нов, уште построг договор. Според договорот, потпишан во Берн од претставници на швајцарската и германската влада, сега се зголемува стапката на данокот за имотот на Германците, којшто го пренеле во Швајцарија. Според договорот од август минатата година таа стапка беше од 19 до 34 проценти, но со новиот додаток на договорот таа се покачува на ниво од 21 до 41 отсто.

Освен тоа, за првпат се предвидува оданочување на имотот што се наследува. Германските наследници, на имотот префрлен во Швајцарија, мораат да сметаат дека половина од него ќе им се земе за данок или можат целиот имот да го пријават на германските даночни власти. Доколку наследникот е најблизок роднина и имотот не е особено висок тоа дури и може да биде поповолно за наследниците.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека овој договор е „урамнотежено решение“ на долгогодишниот спор за оданочување на имотот на тамошните граѓани.

Но, германските противници на законот, пред се’ социјалдемократите, воопшто не мислат така и најавија дека ќе го запрат спроведувањето на законот со своите гласови во Горниот дом на германскиот парламент.

Sigmar Gabriel SPD Nach Wahl Saarland
Шефот на германските социјалдемократи најави стопирање на договорот во Горниот дом на германскиот парламентФотографија: Reuters

Дупка во законот?

На противниците не им пречи што на тој начин се простува кривичното дело затајување данок и претседателот на германските социјалдемократи Зигмар Габриел тоа го нарече „шлаканица за секој чесен даночен обврзник“. На овој политичар му пречи и што со тоа и швајцарските банки се ослободуваат од секаква одговорност, бидејќи често се многу брзи со добрите совети за германските клиенти како да го избегнат плаќањето на данокот. Но, нему најмногу му пречат договорените рокови кога ќе се спроведе тоа собирање на данокот.

Имено, со потпишаниот договор се предвидува оданочување на имотот на Германците натрупан во Швајцарија во минатите десет години, но тоа ќе се спроведува дури од првиот ден на следната, 2013-та година. И германските социјалдемократи и политичарите од Зелените предупредуваат дека тоа им дава доволно време на сите затајувачи на данок да го преместат својот имот на некое сега посигурно место од Швајцарија. Исто така, сериозно се сомневаат во плановите на германската влада дека на почетокот од идната година веднаш ќе собере околу 10 милијарди евра од данок на таквиот имот, бидејќи се сигурни дека до тогаш тие милијарди веќе ќе ги нема.

И повеќе од десет милијарди евра!

Германскиот министер за финансии, пак, укажува дека предвидениот рок бил најскорешниот до кој Швајцарија би можела да се обврзе во исполнувањето на преземаните обврски. Од министерството укажуваат на одредбата од договорот според која со самото негово потпишување Швајцарија се обврзала да го пријави секое сериозно движење на имотот на германските државјани, посебно трансакциите во трети земји. Затоа сметаат дека предвидените 10 милијарди евра дополнителни приходи од данокот се „уште поконзервативни проценки“ од вистинскиот износ, кој ќе стаса во германската каса.

Wolfgang Schäuble und Eveline Widmer-Schlumpf
Договорот, потпишан вчера, ќе се спроведува од почетокот на следната годинаФотографија: dapd

Од друга страна, Швајцарија очигледно многу се труди да ја следи стратегијата на „чисти пари“, за да стане „веродостоен финансиски пазар на неоданочени пари“, изјави швајцарската претседателка и министерка за финансии Евелине Видмер – Шлумпф. Таа е уверена дека договорот ќе ги покаже своите предности, веднаш кога ќе стапи на сила.