1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајкот во Германија предизвика големи штети

18 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CIY3

Штетите за германското стопанство што ги предизвика штрајкот на машиновозачите се проценуваат на најмалку 74 милиони евра, вели за „Велт ам зонтаг“ Клаудија Кемферт, експерт за сообраќај на Германскиот иснтитут за економски истражувања. Магазините „Шпигел“ и „Фокус“ известуваат дека Германската железница подготвува нов предлог за синдикатот на машиновозачите, кои бараат покачување на платите од 31 насто и сопствен тарифен догогор. Синдикатот најави дека во втоерник ќе решава дали ќе свика неограничен штрајк.