1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајкот на машиновозачите ги погоди Хамбург и Берлин

9 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BSYt

Штрајкот на машиновозачите во Хамбург и Берлин утрово силно го попречија сообраќајот во делови од метрото во двата града. Сепак поголем дел од корисниците на јавниот превоз изразија разбирање за штрајкот. Шефот на синдикатот на машиновозачите Манфред Шел уште еднаш изрази подготвеност со помош на посредник да се реши тарифниот конфликт со Германски железници. Вчера судиите забранија оддржување на штрајк во цела Германија за време на одморите. Синдикатот на машиновозачите останува на барањето на посебен тарифен договор и покачување на платите за 31 процент.