1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајк на лекарите

Силвера Падори18 јануари 2006

Околу 10.000 лекари во Берлин протестираа против рационализацијатам, бирократијата и штедењето

https://p.dw.com/p/Ac9i
Осум ипол часови за бирократски формулари трошат неделно лекарите кои во Берлин протестираа со транспарентот „Системот е болен’’
Осум ипол часови за бирократски формулари трошат неделно лекарите кои во Берлин протестираа со транспарентот „Системот е болен’’Фотографија: AP

Денеска е лош ден за оние кои во Германија се болни. По одделните лански штрајкови во една од најголемите клиники во Берлин - Шарите, денеска на околу 50.000 ординации ширум земјата вратите останаа завторени. Некогашната, за многу лекари од Европа земја на соништата, се чини се повеке станува земја на кошмарот. Барем кога е во прашање работата и егзистенцијата на лекарите кои се жалат на долгогодишната анти-медицинска политика. Според Јург Дитрих Хопе,претседател на сојузната лекарска комора неговите колеги реагираат на рационализацијата, на големата бирократија и мерките за штедење.

“Секоја шеста ординација е задолжена, а на секоја трета и се заканува затворање. Нашиот здравствен систем мора да се постави на една здрава финансиска база“ вели Хопе. Според него социјалните каси не им плаќаат на лекарите онолку колку посакуваат и на извесен начин ги казнуваат они кои работат повеќе и оние кои препишуваат поскапи медикаменти, поради што на крајот повторно страдаат пациентите.

Хопе кажува дека не сака идните генерации млади колеги да се ориентираат кон странство.Сака да останат во Германија и тука во добри услови да ја вршат професијата од своите соништа.

Германија во минатото беше сон за многу лекари од Европа, па и од Македонија. Сега тука има малкумина лекари Македонци, а оние кои се тука се соочуваат со истите проблеми како и целото германско здравство. Македонскиот стоматолог Роберт Каменковиќ, кој работи во Берлин, вели дека проблемот е во недостигот на пари во социјалните системи. Нема пари за невработените, за училиштата, па ни за здравството.Многу луѓе се невработени и не уплакаат во социјалните системи, па и парите се помалку.Со нив треба да се задоволат потребите на сите лекари. Кај стоматолозите е така што се кратат многу работи кои ги плаќаше социјалното. Од друга страна. тука луѓето навикнале да плаќаат. Кај лекарските ординации - педијатриски, урлолошки, радиолошки е многу потешко зашто сега мора да се плаќа. Освен тоа, има скратувања на буџетите на лекарите.Секој лекар има одреден буџет, а му се плаќа според бројот на пациенти. Ако лекарот, на пример, работел повеќе и го надминал буџетот, односно имал повеќе пациенти, касите не му плаќаат за поголемиот обем на работа.

Дали ова значи дека работат, како што се вели, за џабе?

“Се добива многу помалку пари... Техниката е скапа и за да се направи една ординација, било лекарска, радиолошка, уролошка, потребно е да се инвестираат многу пари. И тие, нормално треба да се вратат, да се заработат назат. И персоналот кој се вработува чини пари. А, лекарите нормално сакаат да живеат, а нема пари! Ова е тешко особено во големите градови каде има голема конкуренција. Германија е сега во една фаза на преструктуирање која ќе потреа. Ќе има уште неколку здравствени реформи, зашто не може повеќе да се продолжи како досега ’’ смета Каменковиќ, кој кажува дека се помалкуте пари кои стигнуваат во социјалните установии, државата не може да ги надомести. Пациентите ќе мора се повеќе да плаќаат за медицинските услуги, како што е впрочем во Шпанија, Франција, каде има амбуланти, но пациентите порадо одат кај приватниците каде не чекаат, можеби добиваат и поквалитетни услуги, но плаќаат кеш. Така кеш ќе се плаќа сигурно еден ден и во Германија!