1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајк на машиновозачите - парализиран сообраќајот во Германија

25 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BwZa

Во тек е 30 часовниот штрајк на германските машиновозачи во организација на нивниот синдикат. Ова е најдолг штрајк од почетокот на спорот со раководството на железницата. Регионалниот и трамвајскиот сообраќај се речиси парализирани. Во западните делови на земјата сообраќа одвај секој втор воз или трамвај, а на истокот парализата е целосна. Синдикатот бара поголеми плати за машиновозачите и посебен тарифен договор.