Штрајк на товарниот железнички сообраќај во Германија
8 ноември 2007Реклама
Во Германија започна штрајк на машиновозачите во товарниот железнички сообраќај. Штрајкот аспоред најавите ќе трае 42 часови, или до сабота изутрина. Германски железници поставија нов итен план за да може непречено да се одвива транспортот на важните стоки. Синдикатот на машиновозачите бара 30% зголемување на платите.