1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шумахер се враќа во трка!

23 декември 2009

Седумкратниот светски првак Михаел Шумахер дефинитивно се враќа на патеките на Формула 1. потпиша тригодишен договор со тимот на Мерцедес Гранд При.

https://p.dw.com/p/LCE6
Михаел ШумахерФотографија: AP/DW-Montage

Рекордерот во речиси сите позначајни категории во најпознатиот тркачки циркус во светот, потпиша тригодишен договор со тимот на Мерцедес Гранд При. Во тимот очекуваат дека Шумахер, кој ќе наполни 41 година за десетина дена, ќе биде подготвен за првата трка во следната сезона која ќе се вози на патеката во Бахреин во март.

„Во претходните три години собрав доволно енергија и се чувствувам одлично“, изјави денеска на прес-конференција Шумахер, кој се пензионираше во 2006 година. „Убеден сум дека можам рамноправно да се натпреварувам со останатите“, рече поранешниот првак. Тој во изминатата сезона се обиде да се врати на патеките во тимот на Ферари, како замена за повредениот Фелипе Маса, но мораше да се откаже поради проблеми со вратот. Сега, Шумахер вели дека таа повреда е минато. Со договорот, Шумахер ќе заработува околу 7 милиони евра годишно. Во тимот на Мерцедес тој ќе му се придружи на уште еден Германец, Нико Розберг, а ќе ги предводи шефот на тимот Рос Брон.

Шумахер е без конкуренција!?

Засега оценките и очекувањата од „кам-бекот“ на Шумахер се еднонасочни. Поранешниот шампион Ники Лауда, кој и самиот имаше слично искуство во 1982-та, смета дека Шумахер е далеку подобар од своите помлади колеги. „Тој има поголем потенцијал од сите негови ривали“, изјави Лауда. Поумерен во оценката е поранешниот совозач на Шумахер во Ферари, Ирецот Еди Ирвајн.

„Јасно е дека тој не е на врвот на кариерата, но се’ уште е доволно добар за да победува на некои трки“.

Pressekonferenz Michael Schuhmacher und sein Arzt Johannes Peil
Не може без Формула1Фотографија: AP

За одлуката на Шумахер веројатно пресудна се покажа можноста за соработка со Рос Брон, човекот кој ги предводеше сите тимови со кои Германецот досега освои вкупно 7 титули.

Своето деби на патеките Шумахер го имаше во 1991 година, а веќе следната, на 23 годишна возраст, успеа да победи на патеката СПА во Белгија.

Оттогаш до повлекувањето во 2006, Шумахер победи на 91 трка, и освои 68 пол-позиции.

Доколку успее да стигне до титулата следната сезона, Шумахер сепак, нема да биде најстариот пилот кому му успеало такво нешто. Неприкосновен во таа категорија се уште е легендарниот Хуан Мануел Фанџо кој последната титула ја освои на 46 годишна возраст. Најџел Мансел, пак во 1994 година, победи на австралиското Гранд При кога имаше 41 година.

Автор: БГ/АТ/афп

Редактор: Жана Ацеска