1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шумски пожари беснeат низ јужна Европа

АТ/ дпа18 јули 2012

Борбата со шумските пожари во јужна Европа продолжува. Во Грција или Шпанија пожарникарните екипи се постојано на терен. Надлежните не ја исклучуваат ниту можноста од подметнување пожар.

https://p.dw.com/p/15ZoZ
Фотографија: Reuters

Големи горештини, екстремно сув воздух и силен ветер - ваква е временската слика во јужна Европа. Во такви услови е голема опасноста од шумски пожари, кои беснеат на повеќе места на југот од континентов. Во борбата против нив, пожарникарските екипи се постојано на терен.

На грчкиот полустров Пелопонез денеска е извршена евакуација на населението. Властите прогласија вонредна состојба,бидејќи пожарот опасно се приближи до две населени места.

На југот на шпанскиот остров Тенерифа околу 500 пожарникари со 11 специјални авиони за гаснење се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар. Вчера од општината Вилафлор на Тенерифа беа евакуирани околу 1.800 жители. Во изминатите денови пожарот се прошири на површина од 2.000 хектари. Шефот на одделот за планирање на животната средина при регионалната влада на Канарските острови Хулио Хереро меѓутоа денеска уверуваше дека ситуацијата не е алармантна.

Teneriffa Waldbrand
Шумскиот пожар на ТенерифаФотографија: Reuters

Со големи шумски пожари се борат и надлежните служби во Црна Гора и Италија. Во Црна Гора, само во главниот град Подгорица пожарникарните екипи мораа да интервенираат повеќе од 20 пати во рок од 12 часа, јавуваа локалните медиуми. Претежно малите пожари можеле брзо да бидат изгаснати.

Во многу случаи властите не исклучуваат ни дека пожарите се подметнати. Во Италија организацијата за заштита на природата ВВФ (WWF) бара проблемот да го решава Националната комисија за борба против мафијата. Тие сметаат дека честопати станувало збор за подметнување на пожари од страна на организираниот криминал.