1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јавниот сообраќај во САД во „портокалов„ аларм

8 јули 2005

САД одреагираа на атентатите во Лондон од една страна со сочувство, бидејќи и самите беа цел на терористички напади, а од друга со зголемување на мерките за безбедност.

https://p.dw.com/p/AcE7
Уривање на првата од кулите на Светскиот трговски центар по атентатите од 11 септември 2001
Уривање на првата од кулите на Светскиот трговски центар по атентатите од 11 септември 2001Фотографија: AP

Претседаелот Џорџ Буш, од шкотскиот Глениглс ги повика сограѓаните на зголемена будност. А шефот на Стејт департментот Кондолиза Рајс порача дека Велика Британија и другите земји од коалицијата против меѓународниот тероризам нема да се исплашат. Напротив, овие напади уште повеќе ќе ја зголемат решителноста на премиерот Тони Блер, како и на целиот британски народ.

„Знам колку е тежок таков ден и каква агонија предизвикува. И ние во САД моравме да се соочиме со неа. Но, тоа само ќе ја зголеми решителноста на Велика Британија дека терористите не можат да победат и дека ќе ја искорениме оваа напаст за човештвото и цивилизацијата„ – порача Кондолиза Рајс.

Министерот за заштита на татковината, Мајкл Чертоф, пак, на јавноста и‘ соопшти дека нивото на безбедност е подигнато:

„Со оглед на атентатите во Лондон американската влада го покачува алармот за транспортното подрачје од жолтата боја, што значи повисен, на портокалова, што значи висок аларм. Но, ова се однесува навистина само за транспортот.„

Во главниот град Вашингтон, каде бројот патници во јавниот превоз беше забележливо помал, силите за безбедност со кучиња ги пребараа железничките и станиците на метрото. Интензивирано е и набљудувањето со видео камери, згоелема е контролата на багажот:

„Иако нема конкретни предупредувања за напад врз нашиот градм пропишавме специјални мерки на безбедност за транспортната инфраструктура„ – изјави градоначалникот на Вашингтон, Ентони Вилијамс.

Американските експерти за тероризам проценуваат дека и овие напади одат на сметка на Ал Каеда и со неа збратимените организации:

„Во Европа оперира огромен број терористички ќелии. Бројот групи кои можат да изведат вакви напади е огромен. Претпоставувам дека станува збор за некоја од таквите групи кои или е поврзана со Ал Каед или пак добила директна наредба од бандата што седи во Авганистан„ – проценува експертот Стив Емерсон.