1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Музика

Јана Бурческа пее за финале

СН/ дв
11 мај 2017

Македонската претставничка на годинешниот Евросонг во Киев, Јана Бурческа денеска ќе настапи на втората полуфинална вечер.

https://p.dw.com/p/2cmq4
Ukraine Vorbereitung Eurovision Song Contest 2017 in Kiew
Фотографија: picture-alliance/Zumapress

Освен Јана Бурческа, на втората полуфинална вечер на Изборот на песна на Евровизија ќе настапат и изведувачите од Австрија, Србија, Малта,Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и од Израел.

За пласман во финалето ќе одлучуваат гласовите од публиката, како и гласовите од националните жири комисии од земјите учеснички на втората полуфинална вечер и од Германија, Франција и Украина. Годинава, Македонската радио телевизија за членови на националното стручно жири ги делегира Александар Масевски, Силвана Мучиќ Плевнеш, Антонија Гиговска, Марко Марк и Калина Велковска.

Од првата полуфинална вечер што се одржа во вторникот пласман во финалето обезбедија Шведска, Австралија, Белгија, Азербеjџан, Португалија, Грција, Полска, Молдавија, Кипар и Ерменија. Второто полуфинале на годинешниот Евросонг почнува од 21 часот.

Погледнете го видеото со вчерашната музичка проба на Јана во Киев:

Суверена проба на Јана Бурческа