1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јаневски: Да не се создава еуфорија

БГ/миа20 март 2013

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски упати повик до фудбалската јавност во државата да не се создава еуфорија пред дуелот в петок против Белгија

https://p.dw.com/p/180t4
Фотографија: Petr Stojanovski

„Не смееме да ја повториме грешката од пред средбата со Хрватска кога непотребно се создаде една еуфорична атмосфера дека сигурно ќе извлечеме позитивен резултат, а тоа се случи понесени од добрите настапи во претходните средби. И сега сме во слична ситуација кога зад себе имаме добри игри и позитивни резултати, но пред нас е многу силен противник, изјави Јаневски.

Македонскиот селектор очекува тешка и исцрпувачка борба со квалитетните противнички фудбалери, но верува во квалитетот на своите избраници за кои рече дека имаат сили уште еднаш да ја израдуваат македонската јавност. Јаневски се’ уште не го соопштува составот со кој ќе им се спротистави на Белгијците, а од таборот на „црвено-жолтите“ очекуваат тој да изведе офанзивна формација кој се испробувала на последните тренинзи.

„Белгискиот селектор веќе ги има подготвено своите играчи да не не’ потценуваат и да на се залетаат, па така очекувам нивна претпазлива игра барем во почетните минути, а потоа текот на натпреварот ќе одреди какви ќе бидат евентуалните трансформации“, нагласи македонскиот селектор.

Натпреварот Македонија–Белгија е во рамките на мундијалските квалификации и ќе се одигра в петок со почеток од 20 часот и 45 минути на „Национална Арена Филип Втори“ во Скопје.