1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

020411 Westerwelle Japan

3 април 2011

Битката со радиоактивноста од атомската централа Фукушима 1, според проценките на јапонската влада, ќе трае со месеци. Додека дупките се затворат можно е да минат месеци, изјави портпаролот на владата Јукио Едано.

https://p.dw.com/p/10mdy
Фотографија: AP

Работниците во оштетената централа Фукушима 1 се обидуваат и натаму да затворат дупка во шахтата со кабли на еден објект кадешто се наоѓаат турбините, откaко високо радиоактивна вода истекува во морето. Обидите со цемент да се затвори пукнатина во еден од бетонските ѕидови, пропаднаа. Сега обидите за затворање на дупката во шахтата со кабли се прават со хемиски полимер. Во меѓувреме, во просторот на централата се пронајдени две тела од соработници на фирмата која управува со Фукушима 1, Тепко. Двајцата починале најверојатно за време на катастрофата. Имено, веднаш по тешкиот земјотрес, тие биле испратени да проверат каква е состојбата на реакторите и оттогаш се водеа како исчезнати.

Германија нуди пумпи за ладење на реакторите

Вчера (02.04), за време на кусата посета на Јапонија, германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле уште еднаш ја нагласи германската солидарност со земјата.

„Сакам да го искажам сочувството на Германците со судбинскиот удар што ги снајде нашите јапонски пријатели. Се восхитуваме на храброста и издржливоста со која Јапонија се справува со овој судбиснки удар“, рече Вестервеле и тоа беа токму зборовите што Јапонците сакаа да ги слушнат од него.

Гидо Вестервеле и Такеаки Мацумото на прес-конференција во Токио
Гидо Вестервеле и Такеаки Мацумото на прес-конференција во ТокиоФотографија: picture alliance/dpa

Јапонскиот министер за надворешни работи Такеаки Мацумото на прес-конференцијата со Вестервеле, потврди: „Од Германија добивме срдечни зборови.“

За да се излезе на крај со економските последици од катастрофата, според шефот на германската дипломатија, од големо значење е Договор за слободна трговија меѓу Јапонија и ЕУ. Досега, воздржаност по ова прашање имаше пред се‘ од страна на државите на ЕУ.

Што се однесува до хаварисаната атомска централа Фукушима 1, Вестервеле понуди уште три пумпи, како таа што веќе е во употреба за ладење на реакторот број 4 во Фукушима. „Го поздравувам тоа што јапонската влада целосно се грижи за транспарентност, што е важна мерка за воспоставување доверба“, нагласи Вестервеле.

На почетокот на кризата со нуклеарната централа, од странство се слушаа критики на сметка на јапонската влада, поради недостиг на информации. Во Јапонија, пак, ваквите критики се насочени пред се‘ кон фирмата Тепко.

Автор: Петер Кујат /дпа/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема