1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јапонија и Северна Кореја ги обновуваат преговорите

БГ/СНмиа/ртр29 август 2012

Јапонија и Северна Кореја денеска ќе ги оддржаат своите први меѓувладини директни разговори по пауза од четири години.

https://p.dw.com/p/15z4Y
Фотографија: dapd

Јапонската делегација најави дека на преговорите ќе го отвори прашањето за посмртните останки на јапонските државјани кои загинале на корејскиот полуостров на крајот на Втората светска војна.

Разговорите, што почнуваат денеска во Пекинг, одблиску ќе бидат набљудувани особено околу промената во интонацијата од страна на претставниците на Северна Кореја. Аналитичарите очекуваат сигнали од Пјонгјанг околу правецот на надворешната политика која ќе ја води новиот претседател Ким Џонг Ун, кој ја презеде власта во з емјата во декември минатата година.

Прашањето на грабнувањата на дневниот ред?

Nordkorea startet Rakete
Фотографија: AP

Разговорите меѓу двете земји, кои немаат дипломатски односи, беа замрзнати во август 2008 година заради неразбирањата во врска со старите проблеми и спорови околу нуклеарната програма на Северна Кореја и грабнувањето на јапонски државјани во текот на 70-те и 80-те години.

Јапонија инсистира нагласено емоционалното прашање за грабнувањата да биде вклучено во дневниот ред на разговорите.

Северна Кореја признава за грабнувањето на 13 јапонски државјани и нивното искористување за обука на шпиони. Таа за време на разговорите во 2008 година вети дека повторно ќе ги истражи грабнувањата, но тоа не го направи.