1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јапонија се сеќава на жртвите од катастрофата

11 септември 2011

Половина година по земјотресот и цунамито во Јапонија, по што следуваше и нуклеарната катастрофа во Фукушима, граѓаните во земјата одржаа низа манифестации во знак на сеќавање на жртвите.

https://p.dw.com/p/12WyL
Фотографија: AP

Во пристанишниот град Минамисанрику, чие крајбрежје, на 11 март годинава беше поплавено од бранови високи 15 метри, како и во други општини во североисточниот дел на земјата, најмногу погоден од катастрофата, на церемонии во знак на сеќавање на жртвите се собраа голем број луѓе. Новиот премиер на земјата, Јошихико Нода, се извини пред новинарите за изјавите на неговиот министер за економија, трговија и индустрија, кој ја нарече Фукушима „град на смртта“. Министерот Јошио Хахиро вчера поднесе оставка поради критиките по ваквите негови изјави и бесот што го предизвика со тоа што ја истрил својата јакна од еден од присутните новинари во Фукушима велејќи: „Ќе Ве заразам со радијација“.

Во Јапонија, по катастрофата, во центри за евакуација или кај роднини, се‘ уште живеат повеќе од 80.000 луѓе. Според најновите извештаи, во катастрофата од 11 март животот го загубиле 15.800 луѓе, а повеќе од 4.000 се‘ уште се водат како исчезнати.

Автор: ЕМФ/дв

Редактор: Г. Чутаноски