1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јапонци и Французи ќе ја градат втората атомска централа на Турција

СН/АМ/ртр/афп4 мај 2013

Турција, која бележи импозантен економски раст, 97 проценти од своите потреби за електрична енергија ги покрива преку увоз. Целта на владата е да ја намали зависноста на земјата од увезените фосилни горива.

https://p.dw.com/p/18SCO
Фотографија: AP

Јапонско-француски конзорциум за 22 милијарди долари во Турција ќе ја градат втората атомска централа во оваа земја. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и неговиот јапонски колега Шинзо Абе вчера го потпишаа содветниот договор , кој предвидува изградба на централа за производство атомска енергија од 4800 мегавати во местото Синоп на Црнотот Море . Со изградбата на атомски централи Турција има намера да стане понезависна од испораките на енергија од странство.

Во конзорциумот кој ќе ја гради централата во Синоп покрај јапонските фирми Мицубиши Хеви Индустрис и Иточу е вклучена и франуската компанија ГДФ Суец. Во атомската централа ќе биде вграден нуклеарен реактор од францускиот концерн Арева.

Првата атомска централа на Турција која ја гради рускиот концерн Росатом, треба да започне да произведува електрична енергија од 2019 година.

Турција која бележи импозантен економски раст 97 проценти од своите потреби за електрична енергија ги покрива преку увоз. Целта на владата на Ердоган е да ја намали зависноста на неговата земја од фосилните горива и до 2023 самостојно да покрива десет проценти од сопствените потреби за електрична енергија. Договорот со Турција е успех и за јапонскиот премиер Шинзо Абе. Тој важи за поддржувач и застапник на атомската енерггија која во Јапонија по катастрофата во нуклеарната централа Фукушима загуби голем број поддржувачи.