1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јеремиќ има разбирање за загриженоста на Јосиповиќ

ЕМФ/бета/хина22 јули 2012

Српскиот министер Вук Јеремиќ реагираше на коментарот на хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ дека тој треба во поглед на Косово „да ја одвои својата функција на претседател на ГС на ОН од политичар со локална природа“.

https://p.dw.com/p/15d2Z
Фотографија: picture-alliance/dpa

Според соопштението на кабинетот на Вук Јеремиќ, шефот на српската дипломатија, кој од септември една година ќе претседава со Генералното собрание на ОН, има целосно разбирање за грижите на хрватскиот претседател. Во изјавата доставена до агенцијата Танјуг, Јеремиќ нагласува дека тој не се сомнева со тоа дека претседателот Јоспиовиќ има најдобри намери.

„Нема причина да стравува дека нема да ја оправдаме одговорноста која ни е доверена со мнозинство гласови на човештвото“, се вели во изјавата и се додава дека довербата ќе биде оправдана и дека ќе се претседава на сосема „фер начин и со стриктно почитување на Повелбата на ОН и сите други правила на најважната меѓународна организација“. „Тие, меѓу другото, и на прилично јасен начин ги дефинираат процедурите со кои се остварува членство и се плашам дека тие не се особено поволни за сецесионистички територии како Косово и Метохија“, нагласува Јеремиќ.

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ вчера (21.07), по средбата со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на Бриони, коментирајќи ја изјавата на Јеремиќ за Косово дека тоа може да стане член на ОН за време на претседавањето на Србија со Генералното собрание „само преку него мртов“, рече дека ставот на Хрватска кон Косово е дефиниран со фактот „дека ние го признавме Косово“.

Kroatien wird EU-Mitglied
Иво Јосиповиќ: Јеремиќ би морало да ја „одвои својата функција на претседател со Генералното собрание на ОН од политичар со локална природа“Фотографија: picture alliance/dpa

„Ние сакаме добри односи со сите земји во регионот и настојуваме такви односи да изградиме и со Србија. Изјавата на Вук Јеремиќ како министер е очекувана, зашто таква е политиката на Србија кон Косово“, истакна Јосиповиќ, додавајќи дека Јеремиќ би морало да ја „одвои својата функција на претседател со Генералното собрание на ОН од политичар со локална природа и во тој контекст неговата изјава е можеби несоодветна“.