1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јосиповиќ во Скопје: Споровите не можат да се споредат

12 јули 2010

Хрватско-словенечкиот спор е од различна природа во споредба со оној меѓу Скопје и Атина, но може да биде добар пример за некои други спорови од регионот и во светот, оцени претседателот Иво Јосиповиќ.

https://p.dw.com/p/OHLp
Претседателите Ѓорге Иванов и Иво ЈосиповиќФотографија: MIA

Хрватскиот спор со Словенија, иако може да биде пример за решавање отворени прашања и меѓу други држави, сепак е од различна природа споредено со оној што Mакедонија го има со Грција. Сепак и тој спор може брзо да биде решен за да се ослободи патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, изјави хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ по денешната средба во Скопје со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Според Јосиповиќ Хрватска сака спорот со Грција што поскоро да се реши што ќе биде добро и за целиот регион и за Европската унија, истакна хрватскиот претседател.

Шефот на македонската држава пак запрашан да го коментира отпимизмот на меѓународната заедница за скоро решавање на спорот со Грција, истакна оти тој најверојатно се темели на зачестените средби на премиерско ниво.

Хрватскиот претседател за време на еднодневната посета на Македонија се среќава со македонскиот премиер Никола Груевски и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Јосиповиќ во Скопје се среќава со македонски и хрватски бизнисмени и со претставници на хрватската заедница во Македонија.

Автор: СН/ миа

Редактор: Александра Трајковска