1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јошихико Нода стана нов јапонски премиер

30 август 2011

Досегашниот министер за финансии, Јошихико Нода, е избран за нов премиер на Јапонија. Двата дома на парламентот во Токио денеска (30.08) гласаа позитивно за именување на 54-годишниот Нода за нов шеф на владата.

https://p.dw.com/p/12Pfn
Јошихико Нода е за разумна санација на долготФотографија: dapd

Јошихико Нода важи за политичар кој се стреми кон разумна санација на големиот државен долг на Јапонија и за сепфатна даночна реформа. Патот кон функцијата премиер за Нода беше отворен вчера, со гласањето во владејачката Демократска партија на кое тој беше избран за нејзин нов лидер.

Досегашниот премиер Наото Кан минатата недела поднесе оставка по растечкото незадоволството од начинот на кој справуваше со должничката криза во земјата и со хаваријата во нуклеарната централа Фукушима. Нода е шести јапонски премиер во последните пет години.

Автор: СН/ЕМФ/дв

Редактор: Т.Тосев