1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јужна Кореја- без избор

1 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BaTP

Јужна Кореја застана во одбрана на директните контакти со исламистичките Талибанци во заложничката криза.Министерот за надворешни работи Сонг Мин Сун изјави дека долго се правеле обиди за држење баланс меѓу меѓународните норми и приоритетот –спасување на животи.Владата го избрала второто.Јужна Кореја е на удар на критиката на меѓународната јавност поради директните преговори за ослободување на 19 заложници.Талибанците тврдат дека за нив добиле 20 милиони долари.