1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јужнокореец на чело на Интерпол

СН/ агенции
21 ноември 2018

Ким Џонг Јанг е избран за нов претседател на меѓународната полициска служба Интерпол. Јужнокореецот ја доби довербата на делегатите на годишното заседавање на Генералното собрание на Интерпол во Дубаи.

https://p.dw.com/p/38dMy
Südkorea Kim Jong Yang
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/K. Kyung-kook

Ким Џонг Јанг (насловна фотографија) во трката за челната позиција во Интерпол го победи рускиот кандидат, полицискиот генерал Александар Прокопчук кој важеше за фаворит .

Прокопчук е актуелен потпретседател на Интерпол. Критичарите на Кремљ за него велат дека е близок со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Белата куќа и нејзините европски партнери лобираа против рускиот кандидат за шеф на меѓународната полициска организација. Шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, синоќа изјави оти САД „силно го поддржуваат“ јужнокорејскиот кандидат за местото претседател на Меѓународната криминалистичка полиција Интерпол, а и претходно американскиот Совет за национална безбедност и американските сенатори го поддржаа јужнокорејскиот кандидат.

Russland Kandidat für Interpol-Chefposten Alexander Prokopchuk,
Александар ПрокопчукФотографија: picture-alliance/TASS/V. Sharifulin

Кремљ вчера го осуди апелот на американските сенатори делегатите на Интерпол да гласаат против рускиот кандидат сметајќи дека тоа е еден начин на мешање во изборите на една меѓународна организација.

Ким ќе биде на местото претседател до 2020 година и ќе го заврши четригодишниот мандат на својот претходник Менг Хонгвеј кој се наоѓа во притвор во Кина.