1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јужнорејските заложници се вратија во татковината

2 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Babz

Повеќе од шест недели по нивното грабнување во Авганистан, 19 те јужнокорејски заложници се ватија во нивната татковина. Владата на Јужна Кореја се бранеше против меѓународните префрлувања дека со своите постапки во случајот, може да предизвика натамошни грабнувања. Не постоеше друг избор, освен директно да се преговара со Талибанците, се вели од јужно - корејското министерство за надворешни работи. Извештаите дека за ослободувањето се платени милиони долари се демантирани, висок командант во редовите на Талибанците претходно тврдеше дека за заложниците се добиени 20 милиони долари.