1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јунг во Пакистан

5 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AoNf

Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг пристигна во посета на Исламабад, главниот град на Пакистан. Јунг според најавите треба да разговара со пакистанскиот претседател Первез Мушараф околу заедничките напори за субивање на терористите и екстремистите во Авфганистан. Синоќа во Њу Делхи, герамнскиот министер ја нагласи потребата од кампања за освојување на симпатиите на авганистанскиот народ. Германските војници како дел од меѓународните ИСАФ сили се присутни во северниот дел на Авганистан.