1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јунг во САД

27 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B3hw

Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг синоќа во Вашингтон разговараше со американскиот колега Роберт Гејтс и советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Стивен Хедли. Главна тема на разговорите била ситуацијата во Авганистан, при што Јунг ја нагласил потребата од намалување на цивилните жртви при акциите на силите на НАТО врз талибанските милитанти. Двете страни разговарале и околу разликите меѓу Вашингтон и Москва за инсталирање антиракетен штит во источна Европа и идниот статус на Косово.