1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јунг - Македонија

30 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BZci

Германскиот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг денеска е во посета на Македонија. Со претседателот Црвенковски, премиерот Груевски и ресорниот колега, Еленовски, Јунг разговара за билатералните односи, статусот на Косово, реформите во одбраната и евро-атлантските интеграции на Македонија. Јунг попладнево заминува за Албанија, а утре треба да го посети Косово. Вчера, германскиот министер за одбрана во Загреб на Хрватска и‘ вети натамошна поддршка на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО. Што се однесува до прашањето на Косово, Јунг изрази надеж дека во случај на неуспешни преговори до 10 декември нема да се случи дестабилизација на покраината.