1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јунг на Блискиот исток, офанзивата на Израел продолжува

4 ноември 2006

Германскиот министер за одбрана Франц Јосеф Јунг, по посетата на Либан и Израел пристигна на Кипар, кадесе среќава со војнциите на германската морнарица. Во меѓувреме израелската армија без пауза ги продолжува нападите во појасот на Газа.

https://p.dw.com/p/Ac1y
Министерот за одбрана Франц Јосеф Јунг Кипар
Министерот за одбрана Франц Јосеф Јунг КипарФотографија: picture-alliance/dpa

Во рамките на Блиско источната турнеја германскиот министер за одбана пристигна на Кипар каде во пристништето Лимасол се стационирани војниците на германската армија кои учествуваат во мисијата УНИФИЛ во Либан. Минисетерот Јунг со брод на германската армија ќе замине на отворено море, за лично да стекне увид во работата на гермаснката морнрица. Претходно министерот разговараше со политичкото водство на Либан во Бејрут, а при неколку часовниот престој во Тел Авив се сретна и со неговиот израелски ресорен колега Амир Перец, со кого разговараше за мисијата на ОН.

Имено германската армија ја има командата на меѓународните поморски сили, кои требаат да спречат испорака на оружје по воден пат за Хезболах. Пред разговорот со Перец, Јунг ја нагласи желбата на германската влада, ангажманот на Бундесверот да придонесе за мирен развој во регионот „Наша желба е, овој ангажман да придонесе за генерално да се дојде до мировно решение. Ова значи, дека се подразбира правото на постоење на Израел како држава, дека трба да се почитува суверенитетот на Либан и дека се надевеме оти ќе се развие подобра позиција во однос на однесувањето на Палестинците кон Израел и примената на мировниот план.”

Минисерот Јунг изрази загриженост и околу атомските планови на Иран „Можам само да подвлечам, дека мора да ги вложуваме сите сили, Иран да не дојде во поседство на атомско оружје. Тоа се разбира е во интерес на државата Израел но и од интерес за меѓународната заедница и светскиот мир.”

Додека германскит министер за одбрана Јунг, во Тел Авив разговараше со неговиот колега Перец во појасот на Газа се водеа жестоки борби меѓу израелските војници и вооружените Палестинци. Градот Беит Ханун целосно беше опкружен од изралекста армија. 4000 мажи и малолетни момчиња беа однесени во логор каде беа сослушувани од тајните служби. 60 вооружени лица кои беа сокриени во џамија успешно избегаа користејќи дузина жени како штит.

Во меѓувреме на израелското радио интервју даде палестинскиот новинар Зафира Кахалуад, кој смета дека ситуацијата е драматична „На палестинскиот народ му е преку глава од се‘. Сакаме решение, сакаме да јадеме, да дишеме сакаме мир.”

Израелската армија и денеска ја продолжи офанзивата во појасот на Газа при што убиени се најмалку четири лица. Палестинскиот претседател Махмуд Абас побара да се вклучи Советот за безбедност на ОН, за да се избегне натамошна дестабилизација на Блискиот исток.