1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе употреби ли Караманлис вето?

17 септември 2007

Предизборен трик или вистинска закана? Дали грчкиот премиер Караманлис ќе гооствари предизборното ветување за блокада на членството на Македонија во НАТО и ЕУ?

https://p.dw.com/p/BghA
Караманлис и БакојаниФотографија: AP

Мала е можноста грчкиот премиер Караманлис да го исполни предизборното ветување дека ќе стави вето за членството на Македонија во НАТО и ЕУ, оценува за Дојче Веле, Каки Бали, грчки новинар и експерт за грчко македонските односи. Според неа, заканата на грчкиот премиер е само дел од предизборната кампања:

“Ако добро се чита меѓу редови, тој навистина кажа такво нешто во изборната дебата, но не сум сигурна дека тоа и ќе го направи. Караманлис многу добро знае дека времената спогодба за името не содржи вето. Поради тоа мислам дека мала е можноста да направи такво нешто. Ако пак се реши да го блокира процесот, тогаш договорот меѓу двете земји ќе биде неважечки. Не сум сигурна дека грчкиот премиер сака такво нешто, вели Бали.

Процесот во ОН ќе се одолговлечи

Како ќе продолжи преговарачкиот процес меѓу Атина и Скопје за името во следниот период?

“Мислам дека во последниве 15 години, од кога траат преговорите во Њујорк не се случува ништо и тие таму само пијат кафе. Не можам да замислам дека така и ќе продолжи. Од друга страна, мислам дека ако Македонија во НАТО влезе под референцата ФИРОМ, дека Грција нема да стави вето. Но, сепак сметам дека процесот ќе потрае и ќе се направи обид да се одолговлечи работата за да се добие на време.”

За сега е отворено прашањето кои ќе бидат следните чекори на Атина на овој план, смета Бали.

“Со нетрпение очекувам какви чекори ќе преземе владата. Тоа сега никој не знае. Ако внимателно се следеше се што кажаа за време на кампањата и премиерот Караманлис и министеркатата за надворешни Бакојани е дека за оваа тема не може да се отворат картите и дека е тоа чуствително и дипломатско прашање. Затоа навистина не можам да предвидам што ќе се случува понатаму на овој план.”