1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џемаил Исени алијас Џејми Шеј уапсен

2 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bagj

Македонската полиција рано утринава го уапси Џемаил Исени алијас Џејми Шеј, кој пред десетина дена избега од затворот Идризово, каде идржуваше казна затвор од седум години за сторено кривично дело тероризам. Министерството за внатрешни работи на Македонија соопшти дека акцијата била спроведена откако претходно биле добиени информации дека Исени се крие во неговиот дом во Лојане. Исени е приведен утринава, а пронајденото оружје е доставено на вештачење во одделот за Крим техника.

Против Исени ќе бидат поднесени кривични пријави поради основано сомнение дека сторил кривично дело бегство на лице лишено од слобода како и недозволиво држење на оружје или расперкувачки материјал.