1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џибрил нема да влезе во новата либиска влада

30 септември 2011

Вршителот на должноста премиер на Либија, вториот по ранг човек во Преодниот национален совет, Махмуд Џибрил, соопшти дека нема да биде во составот на новата либиска влада.

https://p.dw.com/p/12jTe
Махмуд ЏибрилФотографија: dapd

Џибрил е либерал и се судрува со исламистичка опозиција во Преодниот национален совет. Првично новата влада требаше да биде соопштена на 18 септември, но процесот беше забавен заради разликите меѓу членовите на ПНС и Извршното биро на советот.

Во вторник ПНС одлучи да го одложи составувањето на владата за по преземањето на контролата врз целата земја.

Признат од ОН како законски претставник на либискиот народ, ПНС на почетокот на септември сооопшти дека има намера да управува со земјата до изборот на Уставното собрание, најдоцна осум месеци пред изборите за парламент на Либија. Овој рок од осум месеца, меѓутоа, нема да почне да тече пред новите власти да ја преземат контролата врз целата земја. Сега тие контролираат 90 проценти од либиската територија, појасни пратеникот на ОН за Либија Иан Мартин.

 Автор: ЖА/ АТ/ миа

Редактор: Александра Трајковска