1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џијабао во Токио: посета која треба да го стопи ледот

12 април 2007

Кинескиот премиер Вен Џијабао е во посета на Токио. Во рамките на тридневната посета на Јапонија одржа говор и во јапонскиот парламент.

https://p.dw.com/p/Ads3
Кинескиот премиер пред јапонскиот парламент
Кинескиот премиер пред јапонскиот парламентФотографија: AP

За време на мандатот на претходниот јапонски премиер Коизуми, кинеско – јапонските политички односи доживеаја ледено доба. Јапонија ја провцираше Кина со нова посамоуверена надворешна политика и двозначен однос кон сопсотвената вина за текот на војната. Истовремено кинеското вооружување и атијапонските немири внесоа немир во јапонската политичка елита. Измината есен новиот јапонски премиер Шинзо Абе, иако и самиот националист при неговата прва посета како премиер на Пекинг се обиде да направи пресвртница во односите на двете азиски големи сили. А сега со противпосетата на неговиот кинески колега по функција Вен Џијабао во Токио, како и првиот владин самит по шест и пол години би требало да почне и топење на ледот меѓу двете држави.

Пред јапонскиот парламент, во неговиот историски говор Вен се заложи за попрагматични односи свртени кон иднината „Дојдов овдека за да се подобрат односите меѓу Кина и Јапонија. Ако посетата на Шинзо Абе есента го скрши ледот, тогаш мојата посета треба да го стопи ледот.“

На почетокот на тридневната посета и двете страни истакнаа дека се залагаат за стратешки односи кои ќе им донесат предности. Договорена е потесна соработка во еконската областа. Јапонските претпријатија сега на Кина смеата да и продаваат и атомарана техника. По четири години откако беше стопиран извозот, сега Јапонија смее да извезува ориз во Кина. И двете страни нагласија дека заеднички ќе ги корисата спорните резерви со гас во источно – кинескотот море. На посетата на Вен на Токио, не се одбегнуваат ниту големите политички разлики.

За Кина напредокот во односите ќе зависи од тоа како Јапонија ќе се однесува со своето воено минато. Одговорноста за војната во минатото би ја носеле само малклумина воени лица, смета Вен „Народот и државата Кина имаат позитивна оценка што јапонската влада јавно ја признава нејзината агресија и изразува длабока самокритика и жалење во однос на Кина. Од се срце си посакуваме, јапонската страна нејзиното претставување и нејзиниите ветувања да ги спорведе во пракса.“

Со ова кинескиот премиер индиректно го предупреди неговиот јапонски колега, да не постапи како неговиот претходник и да го посети оспорнуваниот Јасукуни споменик, подигнат покрај другите и за 14 јапонски воени злосторници. Со поглед кон индината кинескиот премир сепак нагласи дека ако двете земји пријателски се однесуваат една кон друга тогаш може да бидат само добитници.

Говорот на Вен во парламентот во Токио беше во живо пренесуван на јапонската но и на кинеската државна телевизија сигнал на кинеското водство дека не се пропагира само пријателство во странство, туку дека и сопствениот народ треба да ја прифати новата политика кон Јапонија.