„Џонсон Мети“ ќе инвестира во Македонија
29 ноември 2007Македонија ќе добие нова странска инвестиција. Владата во Скопје ја обелодени одлуката на британската компанија „Џонсон Мети“ да изгради фабрика во Бунарџик за производство на катализатори за автомобили. Станува збор за инвестиција од околу 150 милиони евра, што на Македонија ќе и отвори најмалку 300 нови работни места, изјави вицепремиерот Зоран Ставревки промовирајќи го новиот проект за кој бордот на „Џонсон Мети“ се одлучи откако ги анализирал сите аспекти за бизнис во Македонија.
Придобивки за Макеоднија од влезот на „Џонсон Мети“
Фабриката во слободната технолошка зона треба да почне да се гради напролет, а со производство на почетокот на 2009. Македонија ќе има повеќе придобивки од инвестицискиот влез на оваа компанија со светско реноме во автомобилската индустрија.
Инвестицијата на „Џонсон Мети“ е прва од поголеми размери во оваа година, а втора од автомобилската индустрија. Во Бунарџик е веќе израдена фабриката на „Џонсон Контролс“ и деновиве треба да почне со производство на автомобислка опрема. Со доаѓањето и на „Џонсон Мети“ Македонија на светската инвестициска мапа се профилира во земја која ќе ја сервисира автомобислката индустрија.
Деновиве стастуваат најави и за други странски инвестиции во прехранбената индустрија, Хрватски Дукат ќе ја купи млекарата Идеал Шипка, а шведксата компанија Свед милк ќе отвори млекарница во Македонија.
Покрај овие инвестиции во најава и силната кампања за привлекување на странски компании 2007 според вкупниот обем на директни вложувања нема да се разликува значајно од вообичаеното ниво од 150 милиони долари годишно.