1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

1118 милијарди долари за вооружување во 2005 година

13 јуни 2006

За вооружување во 2005 година во целиот свет се потрошени 1118 милијарди долари, што е за 3,5 проценти повеќе отколку претходната година. Ова е централната изјава во најновиот годишен извештај на меѓунардониот институт за мировни истражувања СИПРИ, објавен вчера во Стокхолм.

https://p.dw.com/p/Ae0z
Жена во Ирак со оружје
Жена во Ирак со оружјеФотографија: AP

Институтот СИПРИ од 1969 година објавува годишни извештаи за безбедносната состојба во светот. Извештајот е независен извор за владите, парламентите, ОН, ОБСЕ, дипломатите, околу оружувањето и разоружувањето, треговијата со оружје, контрола на оружјето, издатоците за вооружување, нуклеарното, хемиското и бииолошкото оружје на земјите, како и развојот на безбедносната ситуација.

Непрегледната ситуација во Ирак со секојдневие исполнето со насилство ги фрла во сенка сите други кофликти во светот, дали во Конго, Сиера Леоне или Судан. Со војната во Ирак и конфликтите кои произлегоа од неа едно стана сосема јасно, вели Алисон Бејлис, претседател на истражувачката група на СИПРИ „Многу се зборува за САД како единствена супер сила, дури и за имерија на САД. Сепак многу јасно гледаме, дека САД во никој случај не одлучува за се што е важно, што се случува во светот. Соединетите држави не можат да го одредат резултатот, кога и со години се ангажираат со сета сила за нешто, како војната во Ирак.“

Важен дел во годишниот извештај зазема и соседот Иран и проблемите со атомската програма. И покрај тригодишната интензивна инспекација, Меѓународната агенција за атомска енергија не успеа, екзактно да докаже, дали Иран работи на атомско оружје или не. Консеквенците би морале да бидат, властите да добијат повеќе компетенции, смета Шанон Киле кој вака ја опишува сосотојбата „Доколку преговорите со Иран и неговата атомска програма би бил меѓународен фудбалски натпревар, моменталната состојба од натпреварот вака би изгледала: репрезентацијата на САД и Европа стравува дека ќе загуби и поради тоа ја менува тактиката. Ирнаците најголема поддршка добиваат од нивните љубители, самите граѓани на земјата. Се чини дека тие ќе победат, но сакаа да избегнат казни. Само: никој незнае уште колку долго ќе се игра.“

Експертите на СИПРИ за измината година изборија 17 тешки вооружени конфликти – тоа е најнискиот број по крајот на студената војна, но апсолутно нема причина за славје вели истражувачот на конфликти Неил Мелвин „Во последната деценија набљудуваме значајни промени, како што се однесува на димнамиката но и до сфаќањето за конфлитки. Во последно време се зголемуваат таканаречените нон стејт екчрс, групи кои се екстремно насилни, па се до тероризам. Ограничената способност на државните заедници да ги повикаат на одговорност овие сторители стана голема закана.“

На кратко: војните и конфликтите се толку комплицирани и комплексни колку и светот, но повеќето од владите ги извлекуаат старите заклучоци, вели Петер Сталенхајм од институтот СИПРИ „Политиката на одбрана и безбедност не реагираа на новите предизвици туку даваат повеќе пари за вооружување. Пред се САД на новите безбедносни закани рагираа со значително зголемување на воениот буџет.“

За вооружување мината година беа дадени 1118 милијарди долари што е 134 долари по човек. САД ја плаќаат речиси половина од сумата за оружје и опрема